Вчитување ...
Мрежата работи нормално. Нема пријавени прекини. Статус на мрежата

Додадени се Два нови канали во Дигиталниот Пакет

Македонската радио телевизија извести дека почнува со емитување на четири нови телевизиски канали. И тоа, МТВ 2 – 24 часовен канал на албански јазик, МТВ 3 – канал за спорт и забава, МТВ 4 – канал за останатите етнички заедници и документарна програма, МТВ 5 – специјализиран канал за детска програма.

КДС Кабелнет ДОО Прилеп во својата програмска листа ги додаде МТВ 3 и МТВ 5 каналите.  Каналите се додадени само во Дигиталниот пакет и се слободни за сите корисници на Кабелнет кои имаат ТВ приемник со дигитален бирач.

МТВ 3 каналот за спорт и забава е додаден во листата под реден број 4 а

МТВ 5 каналот со детска програма по реден број 6.

На повеќето ТВ приемници каналите автоматски ќе се додадат но некои корисници ќе морат да направам автоматско прескенирање на каналите.

За сите подетални информации јавете се на 048/550-550 и 048/423-910

Најгоре