Вчитување ...

За нас

Во свет на комуникации, брзи промени и непрекинат раст, спојувањето луѓе и меѓусебното зближување е инспирација и движечка сила на компанијата КабелНет.

Ги прифативме најмодерните трендови во областа на оптичките мрежи

Маркетиншки пристап на пазарот, проектирање, инвестициски вложувања, непрекинато работење на изградбата на Кабелскиот дистрибутивен систем, па се до одржувањето на истиот се само дел од активностите на нашата компанија.

Резултатите од долгогодишната работа на КабелНет потврдуваат дека имаме јасно дефинирана програма и јасна цел за во иднината. Успехот и реализацијата на нашата мисија произлегува од спремноста и константниот труд, своите услуги да ги подигнeме на што повисоко ниво и да ги почитуваме модерните закони кои владеат во светот на телекомуникацијата. Денеска, КабелНет нуди разновидни кабелски услуги како што се дигитална телевизија, интерактивна телевизија, оптички интернет и мобилна и фиксна телефонија. Користењето на нашите услуги поединечно или комбинирано меѓу себе значајно придонесуваат за подигнување на квалитетот на живеење на нашите корисници, во вид на забава, информации или комуникација со целиот свет.

Основниот пакет на нашата дигиталната телевизија опфаќа широк спектар на телевизиски програми кои се поделени во различни тематски категории. Разновидната телевизиска програма во комбинација со квалитетната слика ќе ги задоволат потребите и на најпребирливите корисници.

Со кабелскиот интернет на Кабелнет обезбеден е брз пристап до интернет, пребарување содржини и превземање најразлични фајлови. Моментално во нашата понуда имаме различни пакети кои можат да ги задоволат потребите на сите корисници, со брзина до 1000 Mbps со трансфер на податоци и неограничен месечен сообраќај. Покрај големите брзини на нашите корисници им обезбедивме и прстап до Mail сервис како бесплатни услуги.

Ние, вработените во Кабелнет континуирано се трудиме да го унапредиме секој аспект кој допринесува за зголемено задоволство на нашите корисници. Контакт центар кој во секое време може да му излезе во пресрет на секој корисник во поглед на: Сервисни информации, промотивни понуди, услови за приклучување, техничка подршка итн. Посебно се гордееме на службата за техничка подршка на терен, за која гарантираме дека најбрзо реагира на рекламациите на нашите корисници, а исто така и на непредвидените околности кои можат да го загрозат функционирањето на кабелскиот дистрибутивен систем.

Визијата на менаџментот и работниот дух на компанијата се гаранција за исполнување на замислените работни цели. Компанијата КДС Кабелнет има преку 50 вработени кои живеат и работат на територијата на која и ги нудиме нашите услуги. Благодареќи на тоа, јасно е дека тие ги разбираат најдобро потребите на територијата на која работиме и обезбедуваат моментална техничка подршка со која ретко кој може да се пофали.



НАПЛАТНИ И КОНТАКТ ЦЕНТРИ


ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА

08:00 – 20:00 ч. секој ден
E-mail: info@kabelnet.com.mk

КОНТАКТ ЦЕНТАР ПРИЛЕП

КДС Кабелнет ДОО Прилеп Адреса: Ул. Питу Гули 3/2 Мезанин
Телефон: 048/550-550

Плати Сметка

Внесете Број на сметка

Мој Портал

Внесете телефонски број

Нашите социјални мрежи

Facebook

kdskabelnet

Instagram

@kdskabelnet

Twitter

@kdskabelnet

LinkedIn

KDS Kabelnet

YouTube

kdskabelnet

Skype

kabelnet-tehnika

Најгоре